Monday, October 11, 2010

Екс-селекторот на Бразил, Дунга, му вели на Нејмaр да не преминува во Челзи, туку во Јувентус.

Поранешниот селектор на Бразил, Дунга, го советува Нејмар да направи трансфер во Јувентус кога ќе го напушти Сантош.


Нејмар, 18, сакаше да направи трансфер на Стемфорд Бриџ во летото, но цената на трансферот неможеше да биде договорена помеѓу клубовите. Јувентус оттогаш се заинтересирани за ѕвездата на Сантош и Дунга верува дека неговата кариера подобро би се развила во Серија А.


“Мора да имаме трпение со младите луше,“ изјави 46-годишниот Дунга за Daily Mail.


“Јувентус е клуб кој знае како да се справи со млади таленти. Нејмар е многу млад но тој веќе започна да ја остава својата трага во националниот тим.“





превземено од Goal.com

Џанлуиџи Буфон повторно поврзан со Манчестер Јунајтед.

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, повторно е поврзан со Манчестер Јунајтед, само 24 часа откако демантираше дека ќе премине во нив.


Tuttosport тврди дека голманот е цел на голем интерес од страна на Сер Алекс Фергусон.


Агентот на Буфон, Силвано Мартина, е во Манчестер да зборува со Јунајтед во врска со иднината на Видич. Се вели дека исто така ќе зборува со Фергусон за Буфон. 


Едвин ван дер Сар е на залезот на неговата кариера која би можела да заврши на крајот од сезоната, и клубот од Олд Трафорд бара негова замена.


Голманот би заработувал околу 6 милиони евра по сезона за време на три годишен договор, истото што го добива во Јувентус.


И Јунајтед би му платил на Јуве околу 15 милиони евра за трансферот. Голманот моментално се опоравува од операцијата на грбот и се очекува да се врати во акција во 2011.




превземено од Goal.com

Бранислав Иванович нема да го напушти Челзи за Јувентус.

Преминот на Бранислав Иванович од Челзи во Јувентус е скоро невозможен откако неговиот агент Владо Борозан открива дека се водат преговори за нов договор на Стемфорд Бриџ.


Бјанконерите беа поврзани со понуда во јануари за Српскиот дефанзивец.


Но Борозан тврди дека неговиот клуб нема да го напушти Челзи и да оди во Торинскиот клуб.


“Нема ништо вистинито во врска со разговори помеѓу Иванович и Јувентус,“ вели неговиот агент за Tuttomeracatoweb.com.


“Тоа е само гласина која излезе без темели. Можеби луѓето го поврзуваат Иванович со Јувентус затоа што еден мој колега е агент на Милош Красич.“


“Неговиот договор завршува во 2011, но тој за брзо време ќе го обнови, така да мислам дека нема да премине во Јуве. Тоа е сигурно.“




превземено од Goal.com

Капитенот на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро, сака продолжување на договорот до 2012.

Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро, се стреми да го продолжи договорот со клубот до 2012, тврди Il Corriere dello Sport.


Ова доаѓа откако La Gazzetta dello Sport во петокот тврдеше дека стигнува со крајот на договорoт на Дел Пиеро, завршува и неговата кариера во Јуве.


Сепак, други гласини од Рим велат дека Италијанецот ќе седни со неговиот агент и братот Стефано за да разговара за продолжување на договорoт за уште една година.


Дел Пиеро игра за клубот од 1993, кога дојде од Падова и може дури и да игра две децении доколку потпише до 2013, според гласините.


Италијанецот секогаш е вклучен во проектите на клубот, и претседателот Андреа Ањели би можел да ги води разговорите во правилна насока затоа што е “врзан“ за капитенот.


Во меѓувреме. Sky Sport Italia тврди дека Павел Недвед би можел да се врати во клубот, но во одборот на директори.




превземено од Goal.com

Време е да започнеме нов циклус во Јувентус - Милош Красич

Милош Красич се надева дека со Јувентус ќе успее да стигне до нов бран од успеси со што ќе се заборави скорешното минато.

Србинот изјавува дека Јуве ќе ja смени
минатогодишната слаба игра и оваа година ќе атакува за титулата.

“Италијанската лига е една од најдобрите во светот. Многу сум среќен што ја одбрав Италија. Никогаш немав никакви сомнежи во летото,“ вели за Tuttosport.

“Сакам да го дадам максимумот за Јувентус за директорите да знаат дека сум играч на Јуве.“

“Мислам дека можеме да го направиме тоа, но не само да кажуваме, туку треба и да покажеме на теренот.“

“Мора да мислимe дека не сме инфериорни на никоj. Ние сме Јувентус, најтрофејниот тим во Италија.“




превземено од Goal.com

Враќање во Јануари е целта на Џанлуиџи Буфон.

Првиот голман на Италија, Џанлуиџи Буфон, си постави цел да се врати во акција од Јануари 2011, пренесува theworldgame. Голманот на Јувентус се повреди во првиот натпревар на Азурите на Светското првенство во Јужна Африка. 


Буфон беше заменет за време на утакмицата со Парагвај откако го повреди ’рбетот и под водството на Чезаре Прандели, на неговоро место сега брани Емилиано Вивиано од Болоња.


Кога Буфон ќе се врати во акција за националниот тим, најверојатно ќе ја превземи капитенската трака откако Фабио Канаваро се пензионираше од интернационалниот фудбал.


Буфон е мета на шпекулации кои велат дека откако ќе се врати во акција, нема да го носи дресот на Јувентус, но 32-годишниот голман им потврди на фановите дека ќе остане во Торино.




превземено од Goal.com

Sunday, October 10, 2010

Јувентус заинтересирани за дефанзивецот на Наполи, Јуан Камило Зунига.

Јувентус покажуваат интерес за купување на крилниот играч на Наполи, Хуан Камило Зунига, за време на зимскиот преоден рок.


Гигантите од Торино беа заинтересирани за Колумбиецот уште додека беше во Сиена, пред неговиот трансфер во Партенопеите во летото 2009 година.


Откако не успеа да си обезбеди место во првиот тим на Азурите - каде Кристиан Маџо игра пред него, и слабата форма на Марко Мота во Јувентус - Зунига може да се пресели северно, според Itasportpress.it


Од страната тврда дека крилниот играч нема да кошта многу пари за негово купување, и разговорите треба да започнат во следните недели.




превземено од Goal.com

Буфон: На расоплагање му сум на Јувентус.

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, изјави дека со Манчестер Јунајтед нема воспоставено никаков контакт и дека останува во Јуве.


Џиџи Буфон и самиот ја објасни неговата моментална состојба:


“Јас му сум на располагање на Јуве, и управата е таа која одлучува за мене, и ако мисли дека мојата продажба е добра за клубот, тогаш тоа ќе го прифатам. Но тоа што сега можам да го изјавам е дека останувам во Јувентус до 2013.“ пренесува SKY.


“Манчестер Јунајтед? Тие се сјаен тим но никогаш официјално не ме контактирале“, рече Буфон.




превземено од Juvefans.info

Saturday, October 9, 2010

Калчополи: Немаше никаков доказ за да се казнат Лучиано Моџи и Јувентус во 2006 - Полицаец од Калчополи.


Не требаше да им се одмземат двете Скудети на Јувентус и  да се вратат во Серија Б како дел од Калчополи во 2006, тврди полицаец кој беше клучен сведок во oригиналната постапка.

Франко Ѕампа, полицаец и навивач на Јуве, издаде книга во врска со скандалот кој го здрма Италијанскиот фудбал, и кој сеуште испраќа исти пораки пред постапката во Трибуналот во Неапол во кој Моџи и неговиот правен тим им покажаја на судот докази во кои се вклучени и други клубови.

Како последица од судењето пред четири години на Јуве им беа одземени две титули и беа испратени еден ранг подолу. Но, Ѕампа тврди дека тоа никогаш не требаше да се случи и го поддржува тоа со фактот дека немаше никаков доказ дека Јувентус или Моџи имаа влијание врз судиите.

“Сакам со оваа книга сите да знаат дека нема никаква вистина со тоа што беше опишано од новинарите,“ авторот Ѕампа кажува за Tuttosport.

“Но вестите кои ги читав немаа доволно докази. Кога го прочитав досието, очекував да најдам нешто потребно. Таму има описи од сериозни инциденти и апсурдни ситуации, но никогаш немало никаков вистински доказ.“

“Заклучоците се постигнати без да се обрни внимание на фактите. Едноставно нема докази. Како што вели Шерлок Холмс, започнуваш истрага со помош на факти за да дојдеш до заклучок. Моите колеги започнаа од заклучок.

“Моџи беше перфектниот негативец за општото мислење.“

“Никогаш не беше докажано како екс-генералниот директор имаше влијание врз судиите и ги тераше да судат во корист на Јувентус.“

“Прислушкуваните разговори се корисни, но тие се средство за постигнување на докази, а не докази сами по себе. Според мене, нема никаков доказ кој би можел да биде претставен пред судот.“

“Во спортскиот правен систем има друго прашање. Моџи можеби е крив за нефер однесување, но тоа треба да биде казнето најмногу со парична казна или со поени, но не со одземање на две Скудети. 

“Повторувам, во повиците на Моџи нема ништо нелегално.“

Во судењето во Неапол Моџи и неговиот правен тим имаат откриено разговори вклучувајќи повеќе други клубови. Тој се обидува да докажи дека не само Јувентус, туку и другите клубови и нивните директори контактирале со судиите.

Комесарите и поранешните судии признаа дека имаа зборувано со некои одредени директори на клубовите во тоа време, а во вторникот на судот му беше кажано како судиите никогаш не знаеле дека има притисок за да имаат влијание врз натпреварот.

Како што продолжува судењето во Неапол, Италијанската Ф.А. се спрема да започне своја истрага за да открие дали беше правилно да се даде титулата од 2006 на Интер. читај повеќе - http://juventusfcfans.blogspot.com/2010/10/2006.html


превземено од Goal.com


Јувентус и Алесандро Дел Пиеро се разделуваат на крајот од сезоната.


Јувентус и легендата на клубот, Алесандро Дел Пиеро, ќе се разделат ова лето, според La Gazzetta dello Sport.

Клубот ќе одлучи да не го обнови договорт откако ќе заврши на крајот од сезоната, со што ќе стави крај на 17-годишниот престој во Торино на легендарниот напаѓач.

Се зборува дека Дел Пиеро размислува и да ја заврши кариерата, со што се шпекулира дека ќе добие директорска улога во Виново.

Но најверојатно Дел Пиеро ќе остане фокусиран на лигата, и натпреварот на Јувентус следниот викенд против Лече.

Италијанецот сака да го достигне рекордот во лигата и е само еден гол зад легендарниот Џиампиеро Бониперти кој има 178 гола.


превземено од Goal.com