Friday, October 8, 2010

Сони - Стар-нов партнер на Јувентус.

СОНИ се враќа во фамилијата на Јувентус, после повеќе години отсуство од Торино, и ќе биде парнтер на Јуве за сезоната 2010/2011.

Фирмата најмногу ќе вложи во новиот, но и во сегашниот стадион на Јуве, затоа што таков е договорот. Ќе се постават екрани на теренот, како и голема табла за резултати, а ќе има и пренос во живо од соблекувалните за време пред натпреварот, на полувреме и после крајот.

Јувентус и СОНИ како две големи организации дојдоја до оваа идеа со цел навивачите да се зближат повеќе со клубот. 

Благодарение на постигнатиот договор, СОНИ ќе има право на пренос од сите натпревари на некои од своите ТВ канали и директно од интернет, со цел за поголема достапност на информации на малите екрани.

Генералниот директор на Јувентус, Жан Клод Бланк, коментираше за моменталната состојба и договорот.

“Договорот со фирмата СОНИ која е лидер во производство на сите видови на електронска и телекомунакациска опрема е успех за овој клуб.“

Гилдас Пелиет, претседател и администратор на СОНИ Италија исто така коментираше за договорот.

“СОНИ од одамна има оставено печат во спортот, особено фудбалот. Покажана ни е доверба од двете најголеми фудбалски институции, ФИФА и УЕФА, и во многу проекти ние делуваме како главни инвеститори и спонзори.“

“Сега влегуваме во фаза во која склопуваме помали договори со клубови со цел да го подобриме пратењето на фудбалот од страна на навивачите, воведуваме се подобри камери, секој детал ќе може полесно да се виде на екраните на стадионот, да се почувствува атмосферата во еден клуб за да привлечиме што поголема гледаност од страна на навивачите, но и симпатизерите на фудбалот.“

“Јувентус е секогаш и ќе биде голем клуб, и навистина ми е мило што на листата започнавме од нив, сеќавајќи се на старата соработка која всушност никогаш не ни престана.“


превземено од Juvefans.info

No comments:

Post a Comment