Старата дама е во потрага по напаѓач, а Един Џеко најверојатно ќе пристигне следната година.
Јувентус бараат напаѓат од светска класа, кој во јануари би пристигнал во Торино. Според ова, најверојатно се работи за Алберто Џилардино, кој на зима би можел да ја појача напаѓачката линија во торинскиот клуб.
Џилардино преку летото бараше од “лилавите“ од Фиренца да му дадат гаранција дека клубот ќе се бори за едно од првите четири места во Серија А. Во Фиренца не се исполнуваат таквите барања, па затоа тој би можел да замине во Јувентус кои стојат во ред и чекаат.
Тренерот на Фиорентина, Синиша Михајлович вели дека незнае ништо во врска со тоа:
“Јас не сум од оние тренери кои продаваат и купуваат играчи, јас ги тренирам. Не предвидувам дека Џила ќе биде продаден, но за тоа не одлучувам јас, туку Корвино“ јасен е српскиот тренер.
превземено од juvefans.info
No comments:
Post a Comment