Џанлуиџи Буфон веќе не брани неколку месеци поради повредата на грбот и нема да се врати до Нова Година, но ѕвездата на Болоња не се чувствува уплашено.
“Буфон е Марадона од голманите, не е лесно да се најде друг како него, но во Италија има многу добри и млади голмани кои заслужуваат доверба“ изјавува Вивиано, според sport.it.
“Медиумите се тие кои измислуваат работи, сенката на Џиџи, кој е шампион на кого јас многу се восхитувам и како личност. Тоа не е товар туку стимул за да покажеме дека има и други голмани после него кои имаат квалитет и можат да бранат за репрезентацијата.“
Еден од тие голмани е Салваторе Сиригу од Палермо, но Вивиано верува дека конкуренцијата за места во Азурите е здраво.
“Конкуренцијата е дел од фудбалот, нема проблеми со Сиригу затоа што ние сме пријатели,“ тој додава.
превземено од Goal.com
No comments:
Post a Comment