Преминот на Бранислав Иванович од Челзи во Јувентус е скоро невозможен откако неговиот агент Владо Борозан открива дека се водат преговори за нов договор на Стемфорд Бриџ.
Бјанконерите беа поврзани со понуда во јануари за Српскиот дефанзивец.
Но Борозан тврди дека неговиот клуб нема да го напушти Челзи и да оди во Торинскиот клуб.
“Нема ништо вистинито во врска со разговори помеѓу Иванович и Јувентус,“ вели неговиот агент за Tuttomeracatoweb.com.
“Тоа е само гласина која излезе без темели. Можеби луѓето го поврзуваат Иванович со Јувентус затоа што еден мој колега е агент на Милош Красич.“
“Неговиот договор завршува во 2011, но тој за брзо време ќе го обнови, така да мислам дека нема да премине во Јуве. Тоа е сигурно.“
превземено од Goal.com
No comments:
Post a Comment