Friday, October 8, 2010

Калчополи: Италијанската Ф.А. води истрага дали беше во ред одлуката титулата од 2006 да се даде на Интер.



Стефано Палаци, адвокатот на Италијанската Фудбалска Асоцијација, е спремен да испраша дали е во ред одлуката да се додели Скудетото од 2006 на Интер, и тој ќе користи околу 100 преведени прислушкувани разговори превземени од трибуналот во Неапол.

За тие кои ги следат Калчополи настаните во Неапол, Лучиано Моџи и неговиот правен тим вршат расправа дека неколку тимови и нивните директор, вклучувајќи го Интер исто така имале контакти со судиите и комесарите за натпревари помеѓу 2004 и 2006 година.

Базирано врз основа на тоа што излезе на виделина на судењето, Јувентус вршат притисок врз Италијанската Ф.А. да започнат нивна истрага за тоа дали можи одземените Скудета да се вратат на Јувентус - од кои едното беше предадено на Интер во 2006. - пишува La Gazzetta dello Sport. 

Тие тврдат дека Палаци ќе ги искористи доказите кои ги собра од судот за да одговори на прашањето кое сите го поставуваат - дали беше правилно да се даде едното Скудето на Интер. Се разбира, назад во 2006 доказите кои се појавија во Неапол - повеќе од 171,000 разговори - во кои вклучен е и Интер, не биле достапни во тоа време заради причини кои Моџи тврди дека биле прикриени за време на првото судење.

Палаци се надева дека ќе ги разоткрие повиците во кои е вклучен тогашниот претседател на Интер, Џакинто Фачети, и комесарите во кои тој бара од Пјерлуиџи Колини да биде главен судија на натпревар против Интер и Јувентус. Таа средба заврши 2-2 и не беше судена од Колина. 

Друг повик го вклучува Фачети каде се жали поради некој судија помошник. Палаци исто така ќе го слуша претпазливо повикот помеѓу Фачети и комесарот за судии Паоло Бергамо. Има и обвинувања против Фачети во кои тој е виден во соблекувалната на судиите на натпреварот од Серија А - овие докази сеуште не се достапни за истрагата на Палаци, но судот од Неапол, ќе одлучи дали може да ги има до сослушувањето во Вторник - на кое се очекува да присуствува и Масимо Морати.


превземено од Goal.com

No comments:

Post a Comment