Monday, October 11, 2010

Време е да започнеме нов циклус во Јувентус - Милош Красич

Милош Красич се надева дека со Јувентус ќе успее да стигне до нов бран од успеси со што ќе се заборави скорешното минато.

Србинот изјавува дека Јуве ќе ja смени
минатогодишната слаба игра и оваа година ќе атакува за титулата.

“Италијанската лига е една од најдобрите во светот. Многу сум среќен што ја одбрав Италија. Никогаш немав никакви сомнежи во летото,“ вели за Tuttosport.

“Сакам да го дадам максимумот за Јувентус за директорите да знаат дека сум играч на Јуве.“

“Мислам дека можеме да го направиме тоа, но не само да кажуваме, туку треба и да покажеме на теренот.“

“Мора да мислимe дека не сме инфериорни на никоj. Ние сме Јувентус, најтрофејниот тим во Италија.“




превземено од Goal.com

No comments:

Post a Comment