Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Келини, тврди дека за да се смета оваа сезона успешна, тие мора да се квалификуваат во Лигата на Шампиони.
Гигантот од Торино моментално се наоѓа на седмото место, само пет бода зад лидерите Лацио.
“Интер остануваат најсилниот тим, но се надевам дека тие не се “гладни“ за титула оваа сезона,“ Келини се шегува за Corriere Dello Sport. “ Вистината е дека мора да направиме скок во квалитет во споредба со послабите екипи.“
“Исто така треба да играме и подобар стил на фудбал.“
“Оваа сезона е многу важно да се квалификуваме за Лигата на шампиони. Со ова ќе можеме да привлечеме играчи кои можат да направат разлика за време на натпревар.“ тој додава.
Келини ќе биде вклучен во квалификациите за Европското првенство 2012 против Северна Ирска и Србија за време на репрезентативната пауза.
превземено од Goal.com
No comments:
Post a Comment