Играчот за врска на Јувентус, Алберто Аквилани, инсистира дека неговата екипа може да се израмни со првите екипи во Серија А - но трпението е клучот.
Аквилани повторно се вклопува во ритамот на калчото после мината сезона помината во Ливерпул. Играчот од средината на теренот мисли дека треба повеќе напор за да завземат чекор после слабиот старт на сезоната.
“Тимот се подобрува бавно, а истото се однесува и на мене,“ изјавува за Sky Sport Italia.
“Јувентус се смена многу, и треба време, но можеме да ги видиме малите чекори кои ги имаме направено.“
Играчот не настапи на првите четири натпревари од сезоната, но ги започна натпреварите против Каљари и Интер.
“Факт е дека Јуве ми даде прилика да се вратам во Италија и ја искористив укажаната шанса,“ тој продолжи.
“Не беше лесна одлука бидејќи Јуве имаат одлични играчи од средината и знаев дека конкуренцијата ќе биде тешка.“
Понатаму, Аквилани реагираши на некои забелешки од новинарите дека ја предаде Рома.
“Некои непоштени работи беа напишани. Рома ме продаде за голема сума, иако знаеа дека сакав да играм за нив,“ објаснува 26-годишниот играч.
“Во Рим брзо се зборува за предавство, но тој не е случајот. Јас не предадов никого.“
превземено од Goal.com
No comments:
Post a Comment