Генералниот директор на Јувентус, Џузепе Марота, ги сумираше плановите на трансфер маркетот - Буфон останува во Јуве, а Џеко можност.
Буфон е поврзан со Манчестер Јунајтед според гласини во Премиер Лигата кои велат дека Едвин ван дер Сар ќе се пензионира на крајот на сезоната.
Агентот на Буфон брзо реагираше на ова во Четвртокот кога рече дека нема шанса Буфон да го напушти Јуве.
И Мартоа реагираше на ист начин со верување дека голманот нема да го напушти клубот.
“Манчестер? Буфон е играч на Јувентус. Негирам дека имало разговори со Јунајтед. Буфон игра за Јувентус,“ изјави Марота за Tuttosport.
Управата на Јуве сака да купи нови играчи во Јануари, а Един Џеко од Волфсбург е играч кој не е избришан од листата.
“Да се превземи нешто не значи да се трошат пари, туку да се искористи дадената можност,“ тој додава.
“Ако има шанса да ја подобриме оваа група тогаш ќе реагираме.“
“Џеко? Тој не е сон кој заврши, туку се одложи. Нашиот напад е победнички и е цврст.“
превземено од Goal.com
No comments:
Post a Comment