Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, повторно е поврзан со Манчестер Јунајтед, само 24 часа откако демантираше дека ќе премине во нив.
Tuttosport тврди дека голманот е цел на голем интерес од страна на Сер Алекс Фергусон.
Агентот на Буфон, Силвано Мартина, е во Манчестер да зборува со Јунајтед во врска со иднината на Видич. Се вели дека исто така ќе зборува со Фергусон за Буфон.
Едвин ван дер Сар е на залезот на неговата кариера која би можела да заврши на крајот од сезоната, и клубот од Олд Трафорд бара негова замена.
Голманот би заработувал околу 6 милиони евра по сезона за време на три годишен договор, истото што го добива во Јувентус.
И Јунајтед би му платил на Јуве околу 15 милиони евра за трансферот. Голманот моментално се опоравува од операцијата на грбот и се очекува да се врати во акција во 2011.
превземено од Goal.com
No comments:
Post a Comment