Saturday, October 9, 2010

Калчополи: Немаше никаков доказ за да се казнат Лучиано Моџи и Јувентус во 2006 - Полицаец од Калчополи.


Не требаше да им се одмземат двете Скудети на Јувентус и  да се вратат во Серија Б како дел од Калчополи во 2006, тврди полицаец кој беше клучен сведок во oригиналната постапка.

Франко Ѕампа, полицаец и навивач на Јуве, издаде книга во врска со скандалот кој го здрма Италијанскиот фудбал, и кој сеуште испраќа исти пораки пред постапката во Трибуналот во Неапол во кој Моџи и неговиот правен тим им покажаја на судот докази во кои се вклучени и други клубови.

Како последица од судењето пред четири години на Јуве им беа одземени две титули и беа испратени еден ранг подолу. Но, Ѕампа тврди дека тоа никогаш не требаше да се случи и го поддржува тоа со фактот дека немаше никаков доказ дека Јувентус или Моџи имаа влијание врз судиите.

“Сакам со оваа книга сите да знаат дека нема никаква вистина со тоа што беше опишано од новинарите,“ авторот Ѕампа кажува за Tuttosport.

“Но вестите кои ги читав немаа доволно докази. Кога го прочитав досието, очекував да најдам нешто потребно. Таму има описи од сериозни инциденти и апсурдни ситуации, но никогаш немало никаков вистински доказ.“

“Заклучоците се постигнати без да се обрни внимание на фактите. Едноставно нема докази. Како што вели Шерлок Холмс, започнуваш истрага со помош на факти за да дојдеш до заклучок. Моите колеги започнаа од заклучок.

“Моџи беше перфектниот негативец за општото мислење.“

“Никогаш не беше докажано како екс-генералниот директор имаше влијание врз судиите и ги тераше да судат во корист на Јувентус.“

“Прислушкуваните разговори се корисни, но тие се средство за постигнување на докази, а не докази сами по себе. Според мене, нема никаков доказ кој би можел да биде претставен пред судот.“

“Во спортскиот правен систем има друго прашање. Моџи можеби е крив за нефер однесување, но тоа треба да биде казнето најмногу со парична казна или со поени, но не со одземање на две Скудети. 

“Повторувам, во повиците на Моџи нема ништо нелегално.“

Во судењето во Неапол Моџи и неговиот правен тим имаат откриено разговори вклучувајќи повеќе други клубови. Тој се обидува да докажи дека не само Јувентус, туку и другите клубови и нивните директори контактирале со судиите.

Комесарите и поранешните судии признаа дека имаа зборувано со некои одредени директори на клубовите во тоа време, а во вторникот на судот му беше кажано како судиите никогаш не знаеле дека има притисок за да имаат влијание врз натпреварот.

Како што продолжува судењето во Неапол, Италијанската Ф.А. се спрема да започне своја истрага за да открие дали беше правилно да се даде титулата од 2006 на Интер. читај повеќе - http://juventusfcfans.blogspot.com/2010/10/2006.html


превземено од Goal.com


No comments:

Post a Comment