Thursday, October 7, 2010

Џанлуиџи Буфон нема да го напушти Јувентус - Силвано Мартина

Силвано Мартина, агентот на Џанлуиџи Буфон, испрати порака до клубовите кои сакаат да го земат голманот од Јувентус: “Нема вистина во ваквите трансфер шпекулации“


Буфон се опоравува од операцијата на ’рбетот која е долго време проблем за него, а повредата најмногу се зголеми за време на светското првенство во Јужна Африка.


Без разлика, нема причина за загрижување бидејќи Мартина ги отфрли сите шпекулации за негово заминување.


“Премиер Лига? Молам? Секогаш има такви луѓе кои се разбудуваат наутро и велат дека Буфон ќе оди во овој или оној тим“ агентот изјавува за Football Transfer.


“Нормално е дека Буфон ќе биде тивок во овој период, поради тоа што се фокусира на опоравувањето.“


“Мислам дека никој тим не би го купил во ваква состојба. Буфон има уште три години од договорот со Јувентус и затоа нема вистина во овие гласини за негов трансфер.“




превземено од Goal.com

No comments:

Post a Comment