Напаѓачот на Јувентус, Фабио Кваљарела открива зошто се пресели во Бјанконерите за време на летниот преоден рок.
Тој тврди дека таква шанса се добива еднаш во животот и неможел да си дозволи да ја пропушти.
“Играњето во Јувентус е голем чекор во мојата кариера. Тој е многу важен клуб,“ Кваљарела зборува за Sportmediaset. “Тоа е прилика за чекор понапред, и е како оние возови кои доаѓаат еднаш во животот и на кои мораш да се качиш и никогаш да не слезиш“
“Иако сум во Торино и мислам само на Јуве, за мене, Наполи е Наполи, и тоа е мојот дом. Моeто останување во Јувентус или враќањето во Азурите ќе зависи од двата клуба.“
“Наполи сакаа да ме испратат во Рубин Казан, а јас незнаев ништо за тоа. И другото е што се случи на трансфер маркетот. Не беше добро чувството кога дознав дека работите наеднаш започнаа да се менуваат.“
Поранешниот играч на Сампдорија и Удинезе сака да игра против Наполи на 9 Јануари за да ја докажи поентата.
“Сакам да играм на натпреварот поради многу причини, не поради тоа дека имам нешто против навивачите,“ тој додаде. “Мслам дека ќе бидам пречекан како противнички играч, но паметниот навивач ќе знае и сфати што навистина се случи.“
“Мислам дека навивачите веќе позитивно ме памтат поради тоа што имав одлична сезона во Наполи. Не треба да заборавиме дека се квалификувавме за Европа Лига и дека имав двоцифрен број на голови таа сезона.“
“Тоа не се случило во Наполи веќе некое време.“
превземено од Goal.com
No comments:
Post a Comment