Monday, October 11, 2010

Екс-селекторот на Бразил, Дунга, му вели на Нејмaр да не преминува во Челзи, туку во Јувентус.

Поранешниот селектор на Бразил, Дунга, го советува Нејмар да направи трансфер во Јувентус кога ќе го напушти Сантош.


Нејмар, 18, сакаше да направи трансфер на Стемфорд Бриџ во летото, но цената на трансферот неможеше да биде договорена помеѓу клубовите. Јувентус оттогаш се заинтересирани за ѕвездата на Сантош и Дунга верува дека неговата кариера подобро би се развила во Серија А.


“Мора да имаме трпение со младите луше,“ изјави 46-годишниот Дунга за Daily Mail.


“Јувентус е клуб кој знае како да се справи со млади таленти. Нејмар е многу млад но тој веќе започна да ја остава својата трага во националниот тим.“





превземено од Goal.com

Џанлуиџи Буфон повторно поврзан со Манчестер Јунајтед.

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, повторно е поврзан со Манчестер Јунајтед, само 24 часа откако демантираше дека ќе премине во нив.


Tuttosport тврди дека голманот е цел на голем интерес од страна на Сер Алекс Фергусон.


Агентот на Буфон, Силвано Мартина, е во Манчестер да зборува со Јунајтед во врска со иднината на Видич. Се вели дека исто така ќе зборува со Фергусон за Буфон. 


Едвин ван дер Сар е на залезот на неговата кариера која би можела да заврши на крајот од сезоната, и клубот од Олд Трафорд бара негова замена.


Голманот би заработувал околу 6 милиони евра по сезона за време на три годишен договор, истото што го добива во Јувентус.


И Јунајтед би му платил на Јуве околу 15 милиони евра за трансферот. Голманот моментално се опоравува од операцијата на грбот и се очекува да се врати во акција во 2011.




превземено од Goal.com

Бранислав Иванович нема да го напушти Челзи за Јувентус.

Преминот на Бранислав Иванович од Челзи во Јувентус е скоро невозможен откако неговиот агент Владо Борозан открива дека се водат преговори за нов договор на Стемфорд Бриџ.


Бјанконерите беа поврзани со понуда во јануари за Српскиот дефанзивец.


Но Борозан тврди дека неговиот клуб нема да го напушти Челзи и да оди во Торинскиот клуб.


“Нема ништо вистинито во врска со разговори помеѓу Иванович и Јувентус,“ вели неговиот агент за Tuttomeracatoweb.com.


“Тоа е само гласина која излезе без темели. Можеби луѓето го поврзуваат Иванович со Јувентус затоа што еден мој колега е агент на Милош Красич.“


“Неговиот договор завршува во 2011, но тој за брзо време ќе го обнови, така да мислам дека нема да премине во Јуве. Тоа е сигурно.“




превземено од Goal.com

Капитенот на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро, сака продолжување на договорот до 2012.

Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро, се стреми да го продолжи договорот со клубот до 2012, тврди Il Corriere dello Sport.


Ова доаѓа откако La Gazzetta dello Sport во петокот тврдеше дека стигнува со крајот на договорoт на Дел Пиеро, завршува и неговата кариера во Јуве.


Сепак, други гласини од Рим велат дека Италијанецот ќе седни со неговиот агент и братот Стефано за да разговара за продолжување на договорoт за уште една година.


Дел Пиеро игра за клубот од 1993, кога дојде од Падова и може дури и да игра две децении доколку потпише до 2013, според гласините.


Италијанецот секогаш е вклучен во проектите на клубот, и претседателот Андреа Ањели би можел да ги води разговорите во правилна насока затоа што е “врзан“ за капитенот.


Во меѓувреме. Sky Sport Italia тврди дека Павел Недвед би можел да се врати во клубот, но во одборот на директори.




превземено од Goal.com

Време е да започнеме нов циклус во Јувентус - Милош Красич

Милош Красич се надева дека со Јувентус ќе успее да стигне до нов бран од успеси со што ќе се заборави скорешното минато.

Србинот изјавува дека Јуве ќе ja смени
минатогодишната слаба игра и оваа година ќе атакува за титулата.

“Италијанската лига е една од најдобрите во светот. Многу сум среќен што ја одбрав Италија. Никогаш немав никакви сомнежи во летото,“ вели за Tuttosport.

“Сакам да го дадам максимумот за Јувентус за директорите да знаат дека сум играч на Јуве.“

“Мислам дека можеме да го направиме тоа, но не само да кажуваме, туку треба и да покажеме на теренот.“

“Мора да мислимe дека не сме инфериорни на никоj. Ние сме Јувентус, најтрофејниот тим во Италија.“




превземено од Goal.com

Враќање во Јануари е целта на Џанлуиџи Буфон.

Првиот голман на Италија, Џанлуиџи Буфон, си постави цел да се врати во акција од Јануари 2011, пренесува theworldgame. Голманот на Јувентус се повреди во првиот натпревар на Азурите на Светското првенство во Јужна Африка. 


Буфон беше заменет за време на утакмицата со Парагвај откако го повреди ’рбетот и под водството на Чезаре Прандели, на неговоро место сега брани Емилиано Вивиано од Болоња.


Кога Буфон ќе се врати во акција за националниот тим, најверојатно ќе ја превземи капитенската трака откако Фабио Канаваро се пензионираше од интернационалниот фудбал.


Буфон е мета на шпекулации кои велат дека откако ќе се врати во акција, нема да го носи дресот на Јувентус, но 32-годишниот голман им потврди на фановите дека ќе остане во Торино.




превземено од Goal.com

Sunday, October 10, 2010

Јувентус заинтересирани за дефанзивецот на Наполи, Јуан Камило Зунига.

Јувентус покажуваат интерес за купување на крилниот играч на Наполи, Хуан Камило Зунига, за време на зимскиот преоден рок.


Гигантите од Торино беа заинтересирани за Колумбиецот уште додека беше во Сиена, пред неговиот трансфер во Партенопеите во летото 2009 година.


Откако не успеа да си обезбеди место во првиот тим на Азурите - каде Кристиан Маџо игра пред него, и слабата форма на Марко Мота во Јувентус - Зунига може да се пресели северно, според Itasportpress.it


Од страната тврда дека крилниот играч нема да кошта многу пари за негово купување, и разговорите треба да започнат во следните недели.




превземено од Goal.com

Буфон: На расоплагање му сум на Јувентус.

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, изјави дека со Манчестер Јунајтед нема воспоставено никаков контакт и дека останува во Јуве.


Џиџи Буфон и самиот ја објасни неговата моментална состојба:


“Јас му сум на располагање на Јуве, и управата е таа која одлучува за мене, и ако мисли дека мојата продажба е добра за клубот, тогаш тоа ќе го прифатам. Но тоа што сега можам да го изјавам е дека останувам во Јувентус до 2013.“ пренесува SKY.


“Манчестер Јунајтед? Тие се сјаен тим но никогаш официјално не ме контактирале“, рече Буфон.




превземено од Juvefans.info

Saturday, October 9, 2010

Калчополи: Немаше никаков доказ за да се казнат Лучиано Моџи и Јувентус во 2006 - Полицаец од Калчополи.


Не требаше да им се одмземат двете Скудети на Јувентус и  да се вратат во Серија Б како дел од Калчополи во 2006, тврди полицаец кој беше клучен сведок во oригиналната постапка.

Франко Ѕампа, полицаец и навивач на Јуве, издаде книга во врска со скандалот кој го здрма Италијанскиот фудбал, и кој сеуште испраќа исти пораки пред постапката во Трибуналот во Неапол во кој Моџи и неговиот правен тим им покажаја на судот докази во кои се вклучени и други клубови.

Како последица од судењето пред четири години на Јуве им беа одземени две титули и беа испратени еден ранг подолу. Но, Ѕампа тврди дека тоа никогаш не требаше да се случи и го поддржува тоа со фактот дека немаше никаков доказ дека Јувентус или Моџи имаа влијание врз судиите.

“Сакам со оваа книга сите да знаат дека нема никаква вистина со тоа што беше опишано од новинарите,“ авторот Ѕампа кажува за Tuttosport.

“Но вестите кои ги читав немаа доволно докази. Кога го прочитав досието, очекував да најдам нешто потребно. Таму има описи од сериозни инциденти и апсурдни ситуации, но никогаш немало никаков вистински доказ.“

“Заклучоците се постигнати без да се обрни внимание на фактите. Едноставно нема докази. Како што вели Шерлок Холмс, започнуваш истрага со помош на факти за да дојдеш до заклучок. Моите колеги започнаа од заклучок.

“Моџи беше перфектниот негативец за општото мислење.“

“Никогаш не беше докажано како екс-генералниот директор имаше влијание врз судиите и ги тераше да судат во корист на Јувентус.“

“Прислушкуваните разговори се корисни, но тие се средство за постигнување на докази, а не докази сами по себе. Според мене, нема никаков доказ кој би можел да биде претставен пред судот.“

“Во спортскиот правен систем има друго прашање. Моџи можеби е крив за нефер однесување, но тоа треба да биде казнето најмногу со парична казна или со поени, но не со одземање на две Скудети. 

“Повторувам, во повиците на Моџи нема ништо нелегално.“

Во судењето во Неапол Моџи и неговиот правен тим имаат откриено разговори вклучувајќи повеќе други клубови. Тој се обидува да докажи дека не само Јувентус, туку и другите клубови и нивните директори контактирале со судиите.

Комесарите и поранешните судии признаа дека имаа зборувано со некои одредени директори на клубовите во тоа време, а во вторникот на судот му беше кажано како судиите никогаш не знаеле дека има притисок за да имаат влијание врз натпреварот.

Како што продолжува судењето во Неапол, Италијанската Ф.А. се спрема да започне своја истрага за да открие дали беше правилно да се даде титулата од 2006 на Интер. читај повеќе - http://juventusfcfans.blogspot.com/2010/10/2006.html


превземено од Goal.com


Јувентус и Алесандро Дел Пиеро се разделуваат на крајот од сезоната.


Јувентус и легендата на клубот, Алесандро Дел Пиеро, ќе се разделат ова лето, според La Gazzetta dello Sport.

Клубот ќе одлучи да не го обнови договорт откако ќе заврши на крајот од сезоната, со што ќе стави крај на 17-годишниот престој во Торино на легендарниот напаѓач.

Се зборува дека Дел Пиеро размислува и да ја заврши кариерата, со што се шпекулира дека ќе добие директорска улога во Виново.

Но најверојатно Дел Пиеро ќе остане фокусиран на лигата, и натпреварот на Јувентус следниот викенд против Лече.

Италијанецот сака да го достигне рекордот во лигата и е само еден гол зад легендарниот Џиампиеро Бониперти кој има 178 гола.


превземено од Goal.com

Дефанзивецот на Челзи, Бранислав Иванович, цел на Јувентус.

Јувентус си го поставија за цел во зимскиот преоден рок дефанзивецот на Челзи, Бранислав Иванович, според Tuttosport.


Директорите на Бјанконерите ќе го искористат влијанието на Милош Красич за да го привлечат Иванович кон Јувентус. Двајцата срби се добри пријатели и играја заедно во Русија, и затоа се мисли дека клучот за договор е Красич.


Уште поважно е дека двајцата играчи имаат ист агент, и ова може да ја зголеми шансата за траснфер.


Договорт на Иванович на Стемфорд Бриџ завршува во 2012, но Челзи досега не превзема ништо за да ја осигураат неговата иднина во Лондон. Со тоа се отвора можност за Јуве.


Во петокот Џузепе Мартоа потврди дека клубот активно бара засилувања, и првите играчи би можеле да пристигнат во Јануари.




превземено од Goal.com

Friday, October 8, 2010

Сони - Стар-нов партнер на Јувентус.

СОНИ се враќа во фамилијата на Јувентус, после повеќе години отсуство од Торино, и ќе биде парнтер на Јуве за сезоната 2010/2011.

Фирмата најмногу ќе вложи во новиот, но и во сегашниот стадион на Јуве, затоа што таков е договорот. Ќе се постават екрани на теренот, како и голема табла за резултати, а ќе има и пренос во живо од соблекувалните за време пред натпреварот, на полувреме и после крајот.

Јувентус и СОНИ како две големи организации дојдоја до оваа идеа со цел навивачите да се зближат повеќе со клубот. 

Благодарение на постигнатиот договор, СОНИ ќе има право на пренос од сите натпревари на некои од своите ТВ канали и директно од интернет, со цел за поголема достапност на информации на малите екрани.

Генералниот директор на Јувентус, Жан Клод Бланк, коментираше за моменталната состојба и договорот.

“Договорот со фирмата СОНИ која е лидер во производство на сите видови на електронска и телекомунакациска опрема е успех за овој клуб.“

Гилдас Пелиет, претседател и администратор на СОНИ Италија исто така коментираше за договорот.

“СОНИ од одамна има оставено печат во спортот, особено фудбалот. Покажана ни е доверба од двете најголеми фудбалски институции, ФИФА и УЕФА, и во многу проекти ние делуваме како главни инвеститори и спонзори.“

“Сега влегуваме во фаза во која склопуваме помали договори со клубови со цел да го подобриме пратењето на фудбалот од страна на навивачите, воведуваме се подобри камери, секој детал ќе може полесно да се виде на екраните на стадионот, да се почувствува атмосферата во еден клуб за да привлечиме што поголема гледаност од страна на навивачите, но и симпатизерите на фудбалот.“

“Јувентус е секогаш и ќе биде голем клуб, и навистина ми е мило што на листата започнавме од нив, сеќавајќи се на старата соработка која всушност никогаш не ни престана.“


превземено од Juvefans.info

Јувентус се подобруваат; Не ја предадов Рома - Алберто Аквилани

Играчот за врска на Јувентус, Алберто Аквилани, инсистира дека неговата екипа може да се израмни со првите екипи во Серија А - но трпението е клучот.


Аквилани повторно се вклопува во ритамот на калчото после мината сезона помината во Ливерпул. Играчот од средината на теренот мисли дека треба повеќе напор за да завземат чекор после слабиот старт на сезоната.


“Тимот се подобрува бавно, а истото се однесува и на мене,“ изјавува за Sky Sport Italia.


“Јувентус се смена многу, и треба време, но можеме да ги видиме малите чекори кои ги имаме направено.“


Играчот не настапи на првите четири натпревари од сезоната, но ги започна натпреварите против Каљари и Интер.


“Факт е дека Јуве ми даде прилика да се вратам во Италија и ја искористив укажаната шанса,“ тој продолжи.


“Не беше лесна одлука бидејќи Јуве имаат одлични играчи од средината и знаев дека конкуренцијата ќе биде тешка.“


Понатаму, Аквилани реагираши на некои забелешки од новинарите дека ја предаде Рома.


“Некои непоштени работи беа напишани. Рома ме продаде за голема сума, иако знаеа дека сакав да играм за нив,“ објаснува 26-годишниот играч.


“Во Рим брзо се зборува за предавство, но тој не е случајот. Јас не предадов никого.“




превземено од Goal.com

Тотенхем заинтересирани за напаѓаот на Јувентус, Винченцо Јакинта.

Тотенхем се заинтересирани за напаѓачот на Јувентус, Винченцо Јакинта, според Tuttojuve.com.

30-годишниот италијанец е идеален за Тотенхем кои бараат напаѓач кој може да им гарантира голови, но и движење во и околу шестнаесетникот.

Се шпекулира дека Хари Редкнап го држи на око Јакинта кој не е најзадоволен од минутажата кај Луиџи Дел Нери.

Гласините остануваат непотврдени, но Тотенхем би требало да му понудат на Јувентус 12 милиони евра за поранешниот напаѓат на Удинезе.


превземено од Goal.com

Нема преминување во Јувентус за Џилардино.

Алберто Џилардино е мета на Јувентус во зимскиот преоден рок според гласини, но неговиот агент, Бепе Бонето, изјави дека премин на играчот на Фиорентина е скоро невозможен.


Бјанконерите се поврзани со неколку напаѓачи, и Џузепе Марота изјави дека клубот би можел да се засили.


Meѓутоа, Бонето ја кажа својата порака, изјаснувајќи се дека Џилардино нека да ги напушти   виолетовите.


“Нема никаков интерес од Јувентус. Секоја година се кажува истото нешто, но тоа не е вистина“ зборува Бонето за Firenzaviola.


“Тренерот и клубот имаат голема верба во Џилардино и тој е среќен во Фиорентина. Клубот нема никаква желба да го пушти да си оди, а тој нема желба да си замине.




превземено од Goal.com




Калчополи: Италијанската Ф.А. води истрага дали беше во ред одлуката титулата од 2006 да се даде на Интер.



Стефано Палаци, адвокатот на Италијанската Фудбалска Асоцијација, е спремен да испраша дали е во ред одлуката да се додели Скудетото од 2006 на Интер, и тој ќе користи околу 100 преведени прислушкувани разговори превземени од трибуналот во Неапол.

За тие кои ги следат Калчополи настаните во Неапол, Лучиано Моџи и неговиот правен тим вршат расправа дека неколку тимови и нивните директор, вклучувајќи го Интер исто така имале контакти со судиите и комесарите за натпревари помеѓу 2004 и 2006 година.

Базирано врз основа на тоа што излезе на виделина на судењето, Јувентус вршат притисок врз Италијанската Ф.А. да започнат нивна истрага за тоа дали можи одземените Скудета да се вратат на Јувентус - од кои едното беше предадено на Интер во 2006. - пишува La Gazzetta dello Sport. 

Тие тврдат дека Палаци ќе ги искористи доказите кои ги собра од судот за да одговори на прашањето кое сите го поставуваат - дали беше правилно да се даде едното Скудето на Интер. Се разбира, назад во 2006 доказите кои се појавија во Неапол - повеќе од 171,000 разговори - во кои вклучен е и Интер, не биле достапни во тоа време заради причини кои Моџи тврди дека биле прикриени за време на првото судење.

Палаци се надева дека ќе ги разоткрие повиците во кои е вклучен тогашниот претседател на Интер, Џакинто Фачети, и комесарите во кои тој бара од Пјерлуиџи Колини да биде главен судија на натпревар против Интер и Јувентус. Таа средба заврши 2-2 и не беше судена од Колина. 

Друг повик го вклучува Фачети каде се жали поради некој судија помошник. Палаци исто така ќе го слуша претпазливо повикот помеѓу Фачети и комесарот за судии Паоло Бергамо. Има и обвинувања против Фачети во кои тој е виден во соблекувалната на судиите на натпреварот од Серија А - овие докази сеуште не се достапни за истрагата на Палаци, но судот од Неапол, ќе одлучи дали може да ги има до сослушувањето во Вторник - на кое се очекува да присуствува и Масимо Морати.


превземено од Goal.com

Џузепе Марота: Џанлуиџи Буфон нема да замине во Манчестер Јунајтед; Един Џеко сеуште можност.

Генералниот директор на Јувентус, Џузепе Марота, ги сумираше плановите на трансфер маркетот - Буфон останува во Јуве, а Џеко можност.


Буфон е поврзан со Манчестер Јунајтед според гласини во Премиер Лигата кои велат дека Едвин ван дер Сар ќе се пензионира на крајот на сезоната. 


Агентот на Буфон брзо реагираше на ова во Четвртокот кога рече дека нема шанса Буфон да го напушти Јуве.


И Мартоа реагираше на ист начин со верување дека голманот нема да го напушти клубот.


“Манчестер? Буфон е играч на Јувентус. Негирам дека имало разговори со Јунајтед. Буфон игра за Јувентус,“ изјави Марота за Tuttosport.


Управата на Јуве сака да купи нови играчи во Јануари, а Един Џеко од Волфсбург е играч кој не е избришан од листата.


“Да се превземи нешто не значи да се трошат пари, туку да се искористи дадената можност,“ тој додава.


“Ако има шанса да ја подобриме оваа група тогаш ќе реагираме.“


“Џеко? Тој не е сон кој заврши, туку се одложи. Нашиот напад е победнички и е цврст.“




превземено од Goal.com

Thursday, October 7, 2010

Јувентус сака да го доведе Бензема во зимскиот преоден рок.

Карим Бензема, напаѓачот на Реал Мадрид, наводно е цел на гигантот од Торино за зимскиот преоден рок, според AS.

Францускиот интернационалец добива мала минутажа на Бернабеy под водство на Жозе Мурињо и Јувентус сакаат да ја искористат “кавгата“ помеѓу играчот и португалскиот тренер со понуда во jануари.

Италијанскиот тим се сигурни дека можат да го купат 22-годишниот напаѓач за многу помалце од 35 милиони евра кои Реал им ги исплати во 2009 на Лион. Се шпекулира дека и Манчестер Јунајтед ја прати ситуацијата со Бензема.


превземено од Goal.com

Емилиано Вивиано - Џанлуиџи Буфон е “Марадона“ од голманите.


Голманот Емилиано Вивиано во петок ќе го започне натпреварот за Италија во квалификациите за Еуро 2012 против Северна Ирска во Белфаст.


Џанлуиџи Буфон веќе не брани неколку месеци поради повредата на грбот и нема да се врати до Нова Година, но ѕвездата на Болоња не се чувствува уплашено.


“Буфон е Марадона од голманите, не е лесно да се најде друг како него, но во Италија има многу добри и млади голмани кои заслужуваат доверба“ изјавува Вивиано, според sport.it.


“Медиумите се тие кои измислуваат работи, сенката на Џиџи, кој е шампион на кого јас многу се восхитувам и како личност. Тоа не е товар туку стимул за да покажеме дека има и други голмани после него кои имаат квалитет и можат да бранат за репрезентацијата.“


Еден од тие голмани е Салваторе Сиригу од Палермо, но Вивиано верува дека конкуренцијата за места во Азурите е здраво.


“Конкуренцијата е дел од фудбалот, нема проблеми со Сиригу затоа што ние сме пријатели,“ тој додава.




превземено од Goal.com

Џанлуиџи Буфон нема да го напушти Јувентус - Силвано Мартина

Силвано Мартина, агентот на Џанлуиџи Буфон, испрати порака до клубовите кои сакаат да го земат голманот од Јувентус: “Нема вистина во ваквите трансфер шпекулации“


Буфон се опоравува од операцијата на ’рбетот која е долго време проблем за него, а повредата најмногу се зголеми за време на светското првенство во Јужна Африка.


Без разлика, нема причина за загрижување бидејќи Мартина ги отфрли сите шпекулации за негово заминување.


“Премиер Лига? Молам? Секогаш има такви луѓе кои се разбудуваат наутро и велат дека Буфон ќе оди во овој или оној тим“ агентот изјавува за Football Transfer.


“Нормално е дека Буфон ќе биде тивок во овој период, поради тоа што се фокусира на опоравувањето.“


“Мислам дека никој тим не би го купил во ваква состојба. Буфон има уште три години од договорот со Јувентус и затоа нема вистина во овие гласини за негов трансфер.“




превземено од Goal.com

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Федерико Мачеда, реагира на шпекулациите за трансфер во Јувентус.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Федерико Мачеда, реагира на шпекулациите за трансфер во Јувентус.

Il Corriere dello Sport денеска тврди дека Мачеда се наоѓа на радарот на Јувентус во нивната потрага по напаѓач.

Политиките на клубот за купување на млади италијански играчи го потврдуваат тоа, и се зборува за договор вреден 6 милиони евра.

Но, Мачеда ги поништува тие шпекулации.

И иако е среќен поради интересот, тој тврди дека се мали шансите за негово напуштање на Олд Трафорд.

“Знам за интересот од Јувентус. Тие се голем eвропски клуб исто како Јунајтед и секој играч би сакал да игра таму“ вели Мачеда за Tuttomercatoweb.com

“Јас сум сеуштe млад и сакам да мислам само на Манчестер“


превземено од Goal.com

Џорџо Келини - Јувентус мора да се квалификува за "Лига на Шампиони".

Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Келини, тврди дека за да се смета оваа сезона успешна, тие мора да се квалификуваат во Лигата на Шампиони.


Гигантот од Торино моментално се наоѓа на седмото место, само пет бода зад лидерите Лацио.


“Интер остануваат најсилниот тим, но се надевам дека тие не се “гладни“ за титула оваа сезона,“ Келини се шегува за Corriere Dello Sport. “ Вистината е дека мора да направиме скок во квалитет во споредба со послабите екипи.“


“Исто така треба да играме и подобар стил на фудбал.“


“Оваа сезона е многу важно да се квалификуваме за Лигата на шампиони. Со ова ќе можеме да привлечеме играчи кои можат да направат разлика за време на натпревар.“ тој додава.

Келини ќе биде вклучен во квалификациите за Европското првенство 2012 против Северна Ирска и Србија за време на репрезентативната пауза.


превземено од Goal.com

Агентот на Един Џеко ги одбива тврдењата дека ќе се пресели во Јувентус во следното лето.


Агентот на ѕвездата на Волфсбург, Един Џеко, ги одби тврдењата дека договор е постигнат помеѓу германскиот клуб и Јувентус.

Ирфан Реџепагич вели дека напаѓачот може да заврши и во Интер, Милан или Баерн Минхен.

“Џеко во Торино? Незнам, немам никаква информација за ова,“ Реџепагич изјавува за FCInternews.it.“Не е вистина ова што е кажано за Јувентус.“

“Можно е тој да игра во Баерн Минхен следната сезона, но и во Јуве. Тој може да заврши и во Интер.“

Договор вреден 30 милиони евра наводно беше направен помеѓу Волфсбург и Јувентус во вторникот.




превземено од Goal.com

Напаѓачот на Јувентус, Фабио Кваљарела, признава дека Наполи секогаш ќе биде негов дом.

Напаѓачот на Јувентус, Фабио Кваљарела открива зошто се пресели во Бјанконерите за време на летниот преоден рок.

Тој тврди дека таква шанса се добива еднаш во животот и неможел да си дозволи да ја пропушти.

“Играњето во Јувентус е голем чекор во мојата кариера. Тој е многу важен клуб,“ Кваљарела зборува за Sportmediaset. “Тоа е прилика за чекор понапред, и е како оние возови кои доаѓаат еднаш во животот и на кои мораш да се качиш и никогаш да не слезиш“

Италијанскиот репрезентативец тврди дека иако се пресели во Бјанконерите на позајмица, Наполи засекогаш ќе остани во неговото срце.

“Иако сум во Торино и мислам само на Јуве, за мене, Наполи е Наполи, и тоа е мојот дом. Моeто останување во Јувентус или враќањето во Азурите ќе зависи од двата клуба.“

“Наполи сакаа да ме испратат во Рубин Казан, а јас незнаев ништо за тоа. И другото е што се случи на трансфер маркетот. Не беше добро чувството кога дознав дека работите наеднаш започнаа да се менуваат.“

Поранешниот играч на Сампдорија и Удинезе сака да игра против Наполи на 9 Јануари за да ја докажи поентата.

“Сакам да играм на натпреварот поради многу причини, не поради тоа дека имам нешто против навивачите,“ тој додаде. “Мслам дека ќе бидам пречекан како противнички играч, но паметниот навивач ќе знае и сфати што навистина се случи.“

“Мислам дека навивачите веќе позитивно ме памтат поради тоа што имав одлична сезона во Наполи. Не треба да заборавиме дека се квалификувавме за Европа Лига и дека имав двоцифрен број на голови таа сезона.“

“Тоа не се случило во Наполи веќе некое време.“



превземено од Goal.com